„Дожд и солзи на стадионот „Лужники“: Русија се надмина и себеси, и Шпанија, која никогаш претходно ја немаше победено. По Јашин и Дасаев, нов национален херој стана Акинфеев“, пишува водечкиот италијански спортски весник Corriere Dello Sport.
„Репрезентацијата на Черчесов имаше најслаб рејтинг од сите учесници на Мундијалот. Но тоа повеќе не е важно, затоа што Русија си ја остварува својата фантазија“, пишува коментаторот на италијанскиот весник. „Златните времиња на Шпанците кои почнаа пред 10 години кога во репрезентацијата дојде Иниеста сега сигурно завршија. Андрес сега влезе во игра во второто полувреме и не можеше да ја оживее здодевната и монотона игра на Шпанците. Но сепак ја покажа својата умешност. Тоа е убавата точка во кариерата на големиот мајстор“.
„Се чинеше дека Русите одат кон дното по брзиот автогол, но Ѕјуба и Головин ја спасија својата репрезентација“, заклучува новинарот.
„Шпанија имаше во овој натпревар сѐ: тотална предност, контрола на топката, играчи од повисока класа. Но сѐ се случуваше подалеку од голот на Акинфеев. Шпанските напади се разбиваа од одбраната на Русите, кои како што минуваше времето, сѐ повеќе се надеваа дека можат да направат чудо“, пишува германски „Билт„ (Bild).
„Без оглед на тоа што Шпанија имаше монопол врз топката во натпреварот против Русија, од тоа немаше полза. Црвената фурија беше присутна насекаде, во секој момент, диригираше, притискаше... Но штом ќе дојдеше до шестнаесетникот, се покажуваше дека сето тоа е бадијала. Русите на својата граница рушеа сѐ што ќе создадеа Шпанците. Што беше тоа? Тоа беше прошталниот натпревар на шпанскиот систем на фудбал“, размислува спортскиот коментатор на француски L’Equipe.
„Ако Черчесов се надеваше дека сѐ ќе се реши со пенали, мораме да признаеме дека е гениј за тактика“, размислува францускиот новинар. „Неговиот тим со хероизам се избори за своето. Десетте руски играчи на теренот стигаа насекаде. Се чинеше дека ги има 20. Ја кочеа играта на Шпанците, го чистеа просторот, блокираа, се фрлаа под топката, стануваа и повторно се бранеа. Потоа Черчесов најде петмина ладнокрвни за пенали фудбалери во својата репрезентација.
„Шпанија петти пат губи на пенали на Светско првенство од домаќинот. Тоа е лоша среќа“, пишува швајцарски Tages Anzeiger. „Руското чудо на Мундијалот ќе трае уште најмалку шест дена“.
„Шпанците во овој натпревар беа подобри од сите освен од Акинфеев – за 120 минути игра тој фати 8 од 9 топки. Русија во овој натпревар не само што се бореше, туку се бореше паметно и го победи соперникот кој мајсторски игра фудбал“, резимира швајцарскиот весник.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче