Светско фудбалско првенство - конференција за печатот на швајцарската репрезентација, Стадион во Нижни Новгород, Русија, 26 јуни 2018. Швајцарскиот фудбалер Валон Бехрами на конференцијата за печатот.
Carlos Barria/Reuters„Кога губите секогаш сте многу разочарани. Ние четврти пат запираме во оваа фаза, но јас како маж го поднесувам ова што се случи“, ги пренесува зборовите на Бехрами репортерката на каналот „Матч ТВ“. „Сега имам нова цел во кариерата – повторно да се најдам во ваква ситуација и да ја совладам оваа бариера. Засега ми останува да ја прифатам стварноста онаква каква што е“.
„Што мислите за репрезентацијата на Русија на ова светско првенство?“
„Русите, како и Швеѓаните, упорно работат сите заедно, се борат и имаат одличен тимски дух. А ние гледаме дека таквиот карактер, таквиот однос спрема играта е многу важен доколку сакате да играте добро. Тоа е новата генерација на фудбалот“.
Репрезентацијата на Швајцарија на 3 јули загуби од Шведска во мечот од 1/8 финалето на СП 2018 во Санкт Петербург.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче