Светско фудбалско првенство, 1/8 финале, Хрватска – Данска. Стадион во Нижни Новгород, Русија, 1 јули 2018. Хрватскиот голман Даниел Субашиќ брани удар на данскиот репрезентативец Јусуф Поулсен.
Damir Sagolj/ReutersДанците постигнаа гол уште во првата минута на натпреварот, кога мрежата на Субашиќ ја затресе Јоргенсен, а Хрватите возвратија веќе во четвртата минута со голот на Манџукиќ. Резултатот 1:1 остана непроменет до крајот на регуларниот тек на натпреварот и во продолженијата.
Хрватите беа подобри во изведувањето на пеналите и се пласираа во четвртфиналето, така што во сабота, 7 јули, во Сочи се среќаваат со репрезентацијата на Русија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче