Колинда оди на натпреварот Русија-Хрватска. А Путин?

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

На натпреварот од четвртфиналето на Светското првенство во фудбал Русија-Хрватска ќе присуствува и претседателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ.

Грабар-Китаровиќ ќе „присуствува на четвртфиналниот натпревар на Светското првенство во фудбал кој ќе се одржи во сабота, 7 јули 2018 година, во Сочи меѓу репрезентациите на Хрватска и Русија”, соопшти кабинетот на хрватската претседателка, пренесуваат медиумите.

Претходно во средата прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека засега не знае дали Владимир Путин ќе присуствува на четвртфиналниот натпревар на Светското првенство меѓу Русија и Хрватска.

Грабар-Китаровиќ во неделата присуствуваше на натпреварот од осминафиналето на Мундијалот во Нижни Новгород, кога репрезентацијата на Хрватска го порази тимот на Данска во серијата пенали. Таа исто така го гледаше и натпреварот во кој рускиот тим ја победи Шпанија. Хрватската претседателка ѝ ја честиташе на Русија победата и рече дека таа е достоен противник. 

Прочитајте повеќе: Шансите на „Сборнаја“ против „Коцкестите“: Што вели статистиката?