Најдобриот хрватски голгетер во историјата признава дека Русија ги има сите шанси за победа

ZUMAPRESS.com/Ariana Ruiz/Global Look Press

Претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз Давор Шукер, кој е прогласен за најдобар голгетер во историјата на националната селекција, даде своја процена за шансите на своите сонародници во четвртфиналето на Светското првенство во фудбал против репрезентацијата на Русија. Тој му дава мала предност на тимот на домаќинот на шампионатот.

Шукер истакнува дека рускиот тим на натпреварот ќе има значајна поддршка од навивачите, изразувајќи надеж дека за Хрватите ќе навиваат 4-5 илјади луѓе.

„Мислам дека во претстојниот натпревар шансите се 50% на 50%, или, ако сакате, тогаш ќе речам дека Русија сепак има 51% шанси”, призна претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз.

Тој додаде дека шансите на Хрватска на натпреварот против Русите би можеле да бидат поголеми, но не му се допаднало тоа што Хрватите во неделата морале да играат продолженија на мечот против Данска.

„Да, на овој шампионату многу од фаворитите ги губат натпреварите, тоа е добро и секогаш сум зборувал за тоа“, продолжи фудбалскиот функционер.

Првиот човек на ХНС исто така ги пофали условите за одржување на светското првенство во Русија. „Тука видовме многу прекрасни стадиони, хотели, особено внимание заслужува тукашното гостопримство”, истакао је Шукер, додавајќи дека ги почитува Русите.

Репрезентацијата на Хрватска ја порази екипата на Данска и така стана противник на руската селекција во четвртфиналето на Светското првенство. Натпреварот ќе се одржи на 7 јули на стадионот „Фишт” во Сочи.

Прочитајте повеќе: Шансите на „Сборнаја“ против „Коцкестите“: Што вели статистиката?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња