„Путин, како и целата земја, го гледаше натпреварот од почеток до крај и навиваше за нашите“, изјави Песков, пренесува порталот „Рамблер“.
„Уште пред натпреварот, некаде околу пладне, претседателот му телефонираше на селекторот, му посака успех во претстојниот меч и истакна дека под раководство на Черчесов нашите момци веќе го направија невозможното – се пласираа во плеј-офот и тоа им овозможува да играат слободно, со полна пареа и да ги покажат сите свои таленти“, соопшти портпаролот на Путин.
„Во истиот разговор Путин истакна дека никој во нашата земја нема да ги осуди независно од исходот на мечот“, ги пренесе Песков зборовите на рускиот претседател.
„Веднаш по завршувањето на натпреварот Путин повторно му телефонираше на Черчесов и му честиташе на целиот тим за впечатливата победа, а на селекторот за добро избраната тактика која вроди со плод“, нагласи Песков.
„Путин рече дека во спортот е најважен резултатот, а тој резултат е победата на нашата репрезентација“, додаде тој.
„Шефот на државата им посака на Черчесов и на сите членови на националниот тим успех во следниот меч“, заклучи портпаролот на претседателот на Русија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче