Видео: Победата на „Сборнаја“ урнебесно прославена во центарот на Москва

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Победата на руската репрезентација на Светското првенство во фудбал против Шпанија и нејзиното влегување во четвртфиналето на Мундијалот првпат во историјата на современа Русија ноќеска во центарот на Москва ја прославија илјадници возбудени луѓе.

Сите се согласуваат дека таква глетка не е видена уште од Европското првенство во фудбал 2008, најголемиот досегашен меѓународен успех на руската фудбалска репрезентација, кога националниот тим за закити со бронзени медали.

Навивачите веднаш по завршувањето на мечот меѓу Русија и Шпанија на московскиот стадион „Лужники“ се упатија во центарот на рускиот главен град. Им се придружија и сите оние кои немаа среќа да го следат натпреварот во живо, а сакаа да ја споделат радоста и заедно да ја прослават победата. Во одделни улици дојде до помал метеж и туркање на масата луѓе.

Со знамиња в рак навивачите ги пееја познатите песни како што се „Коњ“ на култната група „Љубе“ („пеј златна ’рж, пеј брановиден лен, пеј за тоа како сум во Русија вљубен“).

Во автомобилите накитени со руски знамиња возачите трубеа и си ја честитаа победата едни на други.

Во московското метро, исто така, интересна глетка, руските навивачи стојат во ред за да се фотографираат со Шпанци во костими на тореадори. А откако дојде до метеж мораше да интервенира и полицијата.

Реки луѓе непрестајно скандираат „Браво! Браво!“

Слично воодушевување и славење по повод влегувањето на руската репрезентација во четвртфиналето на Мундијалот кој се игра на домашен терен, со масовни пофалби и од најзакоравените скептици за организацијата на шампионатот беа забележани и на улиците на другите руски градови.

Следната средба на руската репрезентација на Светското првенство во фудбал е закажана за 7 јули на стадионот во Сочи против репрезентацијата на Хрватска.

Прочитајте повеќе: „Русите со хероизам се изборија за своето“: Европски медиуми за победата на „Сборнаја“ против Шпанија