Првпат во историјата Русија влезе во четвртфиналето во драматичен натпревар во кој ја победи Шпанија. Во ништо помалку драматичен натпревар Хрватска ја порази Данска на пенали, па така руската репрезентација ќе се сретне со хрватската на 7 јули во Сочи.
Русија на тој начин првпат во историјата влезе во четвртфинале. Досега националните селекции на Русија и Хрватска се сретнаа трипати. Во две средби резултатот беше 0:0. Третиот натпревар се одигра 2015 година и заврши со победа на Хрватска од 3:1.
Што се однесува до шансите за полуфинале, обложувалниците како фаворит ја гледаат Хрватска за кој коефициентот е 2.25, додека за Русија е 3.68.