Видео: Шведските навивачи на улиците на Екатеринбург скандираа „Благодариме, Русијо”

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

На социјалната мрежа „Инстаграм“ се појавија снимки од „река“ шведски навивачи кои по пласирањето во осминафиналето на Светското првенство во фудбал излегоа на прошетка по улиците на Екатеринбург скандирајќи „Благодариме, Русијо“.

Швеѓаните со победата над Мексико од 3:0 во натпреварот што се играше завчера на „Екатеринбург арената“ обезбедија пласман во нокаут фазата. Нивниот нареден дуел на програмата на Мундијалот е на 3 јули во Санкт Петербург против селекцијата на Швајцарија.

Швеѓаните не се единствените кои ѝ се заблагодаруваат на Русија. Прочитајте повеќе и за германската репрезентација.