Германски навивачи по натпреварот
ReutersАктуелниот првак на светот, репрезентацијата на Германија која по поразот од Јужна Кореја на Мундијалот во Русија се враќа дома, импресионирана е од топлиот прием на домаќинот на Светското првенство во фудбал.
„Благодариме на Русија за гостопримството“, порача репрезентацијата на Германија на својот профил на „Твитер“.
Wir gratulieren #SWE & #MEX zum Weiterkommen & #KOR zum gestrigen Sieg. Vielen Dank an #RUS für die Gastfreundschaft! (3/3)
— Die Mannschaft (@DFB_Team) 28 June 2018
Фудбалската репрезентација на Германија покрај тоа им честиташе на сите ривали во својата група, селекциите на Шведска и Мексико кои се пласираа во осминафиналето, но и на националниот тим на Јужна Кореја, од кого загуби.
На натпреварот од третото коло на групната фаза кој вчера се играше во Казањ, Германците изгубија од Јужна Кореја со резултат 0:2 и така со освоени три бода и заземеното четврто место во групата беа елиминирани од турнирот. Ова е првпат Германија, која во Русија допатува како актуелен и истовремено четирикратен светски шампион, да не ја помине групната фаза.
Во првото коло на СП-2018 во мечот на московскиот стадион „Лужники“ репрезентација на Германија загуби од селекцијата на Мексико (0:1), а во второто коло ја победи Шведска во дополнувањето со резултат 2:1. Во текот на Мундијалот германските фудбалери беа стационирани во подмосковскиот комплекс Ватутинки, инаку база на московскиот фудбалски клуб ЦСКА.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче