Флешмоб: Навивачи од различни земји му „салутираат” на Ѕјуба и му посакуваат гол против Ургувај

Global Look Press

Репрезентацијата на Русија на својот официјален канал на „Јутјуб“ објави спот во кој навивачи од различни земји му салутираат на напаѓачот на рускиот тим Артјом Ѕјуба. На натпреварот на отворањето на Светското првенство против Саудиска Арабија (5:0) селекторот на репрезентацијата Станислав Черчесов му „салутираше”  на својот играч кој даде гол по две минути откако излезе на теренот. На мечот против Египет (3:1) Ѕјуба по својот втор гол на турнирот возврати со војнички поздрав и на тој начин му се заблагодари на тренерот кој го стави во стартната постава.

Денес, 25 јуни, репрезентацијата на Русија во Самара го игра против Уругвај својот последен натпревар во групната фаза на натпреварувањето. На овој меч ќе биде решено која екипа ќе го заземе првото место во групата А. За да го постигнат тоа, на Русите им е доволно да одиграат нерешено. 

Прочитајте повеќе: Ѕјуба откри каде лежи клучот на победата над Уругвај

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња