ВИДЕО: Кој уште не ја знае Калинка? Слушнете како ја изведуваат руската песна навивачите на Исланд!

Максим Константинов/Global Look Press

Исланѓаните како фудбалски навивачи го шармираа светот уште пред две години на Европското првенство во Франција, кога се зборуваше дека првиот натпревар против Португалија дошле да ја гледаат, ни помалку ни повеќе, половина остров!

Московјаните и нивните гости исто така имаа можност да видат како се радуваат Исланѓаните: пред два дена оваа репрезентација направи мала сензација на теренот на „Спартак“ и одигра нерешено со Аргентина - 1:1. Пресреќните Исланѓани потоа пееја песни на улиците на Москва и се фотографираа со сите минувачи.

Последниот оригинален и убав потег на навивачите е нивната изведба на позната руска песна „Калинка“. „Русијо, благодариме за добредојдето“, порачуваат на крајот Исланѓаните.

Прочитајте повеќе за 7 руски песни кои се пеат ширум светот

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња