Видео: Отворена воената вежба „Словенско братство 2018“

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Почна активната фаза на воената вежба „Словенско братство 2018“ која се одржува на југот на Русија во Новоросијск. Во неа учествуваат воздушно-десантни и противтерористички единици од Русија, Белорусија и Србија. Пред почетокот на вежбата на јарболите беа подигнати знамињата на земјите-учеснички и интонирани химните.

Воздушно-десантните сили на Русија во оваа вежба ќе учествуваат со еден падобранско-десантен баталјон на Кубанскиот полк кој се наоѓа во состав на 7 гардиска воздушно-десантна планинска дивизија. Вкупно ќе бидат ангажирани околу 700 руски падобранци со околу 500 единици борбена техника. Воздухопловно-транспортните единици на Јужниот воен округ со таа цел обезбедија 12 авиони и хеликоптери на фронтовската, армиската и транспортната авијација.

Белорусите пратија од Витебск околу 250 падобранци со комплетната борбена техника и останатата опрема. Тие на полигонот „Раевски“ ќе донесат и околу 40 единици своја борбена техника (БТР-80 + транспортни и борбени автомобили МАЗ).

Српската војска на вежбата ќе учествува со една мешовита чета за посебна намена со јачина од 50 луѓе од составот на Специјалната бригада (63 падобрански баталјон и противтерористичкиот баталјон „Соколи“).

Прочитајте повеќе: Започнува воената вежба „Словенско братство 2018“