Ноќ во спалната соба на царицата: Сибирец пиел во музеј и украл статуа

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

30-годишниот Дмитриј Лапаев од Иркутската област во Сибир се прикрал во Павловскиот дворец во Санкт Петербург, скршил прозорец и влегол во музејот, пишуваат медиумите.

Но, тоа не е сѐ. Талкал по салите повеќе од четири часа и дури и влегол во спалната соба на царицата Марија Фјодоровна, цело време пиејќи алкохол. Потоа малку отспал на паркетот. Пред заминувањето успеал да украде позлатена статуа. Влегувањето и кражбата следниот ден беа откриени од персоналот на музејот, кој соопшти дека вредноста на статуата е 5 милиони рубли (69000 евра).

Полицијата го пронашла Лапаев наредниот ден. Сѐ уште бил пијан и одел по плоштадот „Сенаја“ со статуата во раце. Ѝ објаснил на полицијата дека ја нашол статуата во ендек, но кога му ја покажале снимката од музејот, тој ја признал кражбата. Туристот од Сибир ќе помине два месеца во затвор.

Прочитајте повеќе: Руска страст за читање: Необична кражба во библиотека