На чистачките од руските гасни компании им крадат брендирани предмети

Александар Рјумин / ТАСС
На чистачка во една од најголемите компании за гас во Русија ѝ украле часовник „Патек Филип“ (Patek Philippe) во вредност од 17.770 американски долари, а ова не е прв случај кога персоналот на нафтена компанија е лишен од своите раскошни си предмети.

Вработените во нафтено-гасните компании во Русија заработуваат добро и како што можеме да дознаеме од извештаите на медиумите, ова важи за апсолутно сите соработници - без разлика дали станува збор за водечките менаџери или за чистачи. Неодамна на една од чистачките ѝ украдоа раскошен предмет. Станува збор за часовник „Патек Филип“ (Patek Philippe), чија вредност изнесува најмалку 1 милион рубли (17.770 американски долари). „Ќе се смеете, повторно чистачка“, реагираа социјалните мрежи. Да, ова не е првпат. На вработените на гасните холдинзи постојано им крадат нешто скапо.

Часовник за еден милион од викендичка во предградието

Екатерина, која има 54 години, работи како чистачка во Домот за прием на една од овие компании, а живее во вила во селцето Сосенки (на 28 километри од Москва). На крајот на мај крадци продираат во нејзиниот дом и ѝ крадат часовник од реномираниот бренд „Патек Филип“ (Patek Philippe), земајќи ѝ и 100.000 рубли (1.777 американски долари). Жената оди во полицијата, според неа, без дури да се сомнева за вредноста на часовникот. Тој и е подарен, а таа се нервира повеќе за украдените пари.

Станува јасно дека парите не се најголемата загуба. Цената на часовници од овој бренд започнува од 1 милион рубли (17.770 американски долари).

Чанта Диор (Dior) од Мицубиши Аутлендер (Mitsubishi Outlander)

Минатата година уште една чистачка доживеа незгода. Жена на 44-годишна возраст која ги чисти службените простории. Откако пристигнала на паркингот на бизнис-центарот со џипот „Мицубиши Аутлендер“ (Mitsubishi Outlander), излегува од колата само на три минути. Кога се враќа, ја наоѓа отворена вратата на автомобилот и се разбира дека од кабината недостасува торба на француската модна куќа Диор (Dior), со апликација од крокодилска кожа. Во торбата има платежни картички, документи и 15.000 рубли (266 американски долари) во готовина во паричникот.

Излегува дека жената нема поим колку чини чантата. Списанието „Лајф“ (Life) напиша дека во полицијата ја оцениле вредноста на чантата на чистачката на 300.000 рубли (5.331 американски долар), иако таков модел на Диор (Dior) чини 2 милиони рубли (35.540 американски долари). Оваа жена, исто како и нејзината колешка со „Патек Филип“ (Patek Philippe), се нервирала повеќе за украдените пари.

Во врска со инцидентот со најскапата чанта од компанијата соопштија дека „засега немаат објаснување за оваа информација“. А, потоа во полицијата изјавија дека такви чанти носат повеќето московјанки, едноставно затоа што таа била кинеска копија.

Златна тоалетна шолја

Очигледно во Сосенки живеат доста вработени од гасните компании. Жител на селото е и Максим, соработник на службата за безбедност на компанијата. Тој исто така, станува жртва на крадци. Во јануари 2017 година од неговото живеалиште е украдена златна тоалетна шолја и неколку детали од санитарна техника во вредност од 200.000 рубли (3.554 американски долари). Сомневањата паѓаат врз мигрантите кои правеле поправка. Кога Максим се вратил дома, заедно со тоалетната шолја исчезнале и работниците.

Извори на „Лајф“ тврдат дека телохранителот неодамна го купил станот за да може побрзо да дојде до работа. „Меѓу околу 400 фотографии на сопругата на телохранителот на социјалните мрежи нема ниту една со него. Судејќи според фотографиите, семејството активно патува, посетува по неколку одморалиштето годишно“, пишува весникот.

Белегзии, прстени и ѓердани

Чистачите страдаат од кражби не само во Москва и Подмосковје, ами и во целата земја. На 57-годишна жена од градот Астрахањ (1.400 километри од Москва) во ноември 2016 година ѝ го украле златниот накит - гривна, венчалниот прстен, ѓердани и друго во вредност од околу 300.000 рубли (5.331 американски долар). Крадецот влегол во нејзиниот дом низ прозорецот.

Треба да се истакне дека на сајтови за пребарување на работа трудот на чистачка во гасните компании во претпријатијата во Санкт Петербург се оценува од 9.620 рубли (170 американски долари) до 16.500 рубли (293 американски долари). А, како целина во земјата платата на чистачка е околу 13.000 рубли (231 американски долар) месечно.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња