Во Русија е уапсен човек кој украл мост

Полицијата во Вологодската област во Русија го разјасни случајот на кражба на метален мост, за кој е одговорен еден од локалните жители.

Полицијата во Вологодската област во Русија го разјасни случајот на кражба на метален мост, за кој е одговорен еден од локалните жители.

Како што пренесува локалното МВР, во полицијата се обратиле жителите во селото Фролово дека исчезнал метален мост над реката Нозма. Народот бил огорчен поради тоа што за нив тој мост имал дури животно значење, особено кога водоснабдувањето во селото не функционирало. Локалните жители оделе преку тој мост за да се снабдат со бода за пиење.

Кога полицијата пристигнала на местото на настанат, воочила траги од трактор кои ги одвеле до една куќа во селото Фролово. Во дворот пред куќата лежеле метални цевки од срушениот мост и апарат за сечење.

Мостот го срушил 23-годишен жител на селото кој порано е осудува за слични кривични дела. Осомничениот со својот трактор го довлекол целиот мост до куќата, а потоа со апарат го исекол на делови и покасно планирал да го продаде за старо железо. Според руските закони, нему му се заканува казна затвор до 2 години.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња