Седумнаесетгодишник од сибирскиот град Ачинск скршил стакло на киоск и однел три кутии со сладолед. Сопственикот на продавницата вели дека украдената роба чини 20000 рубли (околу 280 евра).
Полицијата наскоро го нашла крадецот, но со празни раце. Момчето раскажало дека го изело целиот плен. Во секоја кутија имало по 20 чашки сладолед. Тинејџерот е предупреден дека, колку и да звучи претерано, би можел да одлежи две години затвор за кражба (иако ова му првпат како го прекршува законот).
Меѓутоа, не е првпат тинејџери да крадат сладолед. Момче од Хабаровск минатата година украло дури 14 пакувања италијански сладолед (роба во вредност од 60000 рубли) и исто така изел сѐ. Вистина, му помогнала мајка му, која не прашала од каде му е сладоледот.
А пред две години тројца тинејџери украле корпа со сладолед од фрижидер на улица во Краснојарск. Фатени се пред да успеат да се насладат.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче