Видео: Путин ја претстави новата претседателска лимузина „Кортеж“

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
И покрај очекувањата рускиот претседател на церемонијата на инаугурацијата пристигна во автомобил од проектот „Кортеж“.

Автомобилот на Путин е заснован врз единствен модуларен принцип осмислен од инженерите во рамките на проектот „Кортеж“. Моделот под ознака ЕМП- 41231SB има турбо-мотор со 12 цилиндри и 850 коњски сили.

Владимир Путин во црната лимузина го напушти Објектот бр.1 на Кремљ, каде што се наоѓа неговиот работен кабинет и тргна на инаугурацијата.

Лимузината претходно ги помина сите неопходни тестирања и беше високо оценета на краш-тестот.

Прочитајте повеќе: Церемониите на инаугурација во Кремљ: Од Елцин до Путин