Фото: Како изгледа рускиот автомобил од висока класа „Кортеж“ после краш-тест

НАМИ
Тестовите беа потешки од оние кои ги спроведува агенцијата Euro NCAP.

На пример, при страничен удар, автомобилот удри во столб со задната врата, а не со предна како што тоа го бара Euro NCAP. Потоа во задниот дел на автомобилот удри приколка тешка 1300 кг при брзина од 50 км на час.

При директен судар при брзина од 64 км на час, прототипот на „Кортеж“ го заштити возачот.

Во салонот на автомобилот ќе има девет воздушни перничиња: две предни за возачот и совозачот, едно за колената на возачот и шест странични.  

Работата на проектот „Кортеж“ за високите државни функционери и возила на придружбата се одвива од 2013 година. Проектот „Кортеж” подразбира креирање на фамилија автомобили: лимузина, седан и миникомбе. Автомобилот може да се појави во продажба веќе во 2019 година и се претпоставува дека ќе чини 6-7 милиони рубли (85000 – 100000 евра).

Погледнете ја „лимузината за Путин”: Првата снимка од тестирањето на рускиот автомобил од висока класа „Кортеж”

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња