1. Улица „Мајаковскаја“ бр. 29 во Казањ
google.maps
Ова е еден од многуте примери кога не се води сметка за архитектурата туку новата зграда се „накалемува“ на старата заради заштеда на време и пари. Овде старата куќичка е компонирана во современа голема куќичка. Навистина впечатлив призор.
2. Одделението на банката „Россељхоз“ во Курган
google.maps
Оваа зграда на банката, благо кажано, не е најсреќното архитектонско решение. Дали можеби архитектите со ваквата градба сакале да им испратат некаква тајна порака на идните генерации?
3. Трговскиот центар „Гринго“ во Екатеринбург
google.maps
Ова не е градилиште туку завршен трговски центар во Екатеринбург. Делува како да е од сите страни вдлабен.
4. „Умната куќа“, трговски центар во Владивосток
google.maps
Овој центар е отворен 2007 година, но веќе изгледа мрачно и истрошено. Не може да се каже дека оваа темна кружна конструкција е „празник за очи“.
5. Стоковната куќа „Русија“ во Новосибирск
Додека „Умната куќа“ предизвикува блага депресија, овој трговски центар може да предизвика вистинска паника. Ова несмасно сивило убива во поим. Нема сомнеж дека купувањето им остава на луѓето навистина длабок впечаток.
6. Зградата на Руската академија на науки во Москва
Антон Кавашкин / Global Look Press
Оддалеку е тешко да се сфати за што се работи, но кога ќе пријдете поблиску, конструкцијата станува неподнослива. Личи на некаков вонземјански инсект кој ползи со намера да го проголта случајниот минувач.
7. Библиотеката на Московскот државен универзитет
Јуриј Машков / TASS
Сега оваа зграда е подобрена во однос на претходната состојба. Но сепак, доколку се загледате малку подобро, ќе видите масивен стол кој чека џин да се спушти врз него.
8. Казањскиот семеен центар
Murdic/Wikipedia
Ова е зграда на матичната служба во која се регистрираат бракови. Секој иден брачен пар треба добро да размисли пред да зачекори во овој џиновски бронзен котел. Дали можеби симболизира „варење“ во брачен котел?
9. Детскиот вселенски центар во Киров
google.maps
Детски центар би требало да ги привлекува децата а не да ги плаши, што всушност прави овој вселенски центар за деца. Како да недоволно развиена вонземјанска цивилизација дошла на земјата со својот несмасен вселенски брод кој не можел да се приземји на ниедно друго место освен токму среде Рускиот трговски центар.
10. Станбена зграда близу метро-станицата „Туљскаја“ во Москва
Legion Media
Во оваа грда зграда долга 400 метри има вкупно 980 станови. Веројатно е направена за да се сместат во неа колку што е можно повеќе луѓе за помалку пари. Ергономично, нема што!