Во Москва завршена спектакуларна футуристичка „куќа од соништата“. Сакате да ѕирнете?

Кралот на недвижнините Владислав Доронин, кого архитектот Заха Хадид го нарекуваше „рускиот Џејмс Бонд“, ја открива приказната што се крие зад неговото уникатно „гнездо“.

Последниот проект на познатата Заха Хадид, ирачко-британски архитект, која почина во 2016 година, конечно е довршен во Московската област. Сместена во луксузната населба Барвихи, оваа футуристичка куќа која изгледа како волшебен цвет стои на врвот на 22 метри високата конструкција над крошните на стеблата. Се работи за приватна резиденција дизајнирана познатата Заха Хадид.

Сопственик на куќата е Владислав Доронин, руски бизнисмен кој се занимава со недвижнини. Со Заха Хадид се запознал во Лондон пред десет години и притоа почнал со славниот проектант разговор за архитектурата и уметноста. Веднаш се „сфатиле“, па така Доронин предложил таа да проектира во Москва една станбена зграда. Дури ја запознал и со градоначалникот, но проектот никогаш не бил реализиран, затоа што не добил градежна дозвола. Сепак, рускиот претприемач бил решителен во намерата да работи со Хадид, па така ѝ го доверил дизајнот на својата куќа.

Хадид барала тој да ѝ опише што сака: „Кога се будам наутро сакам да гледам само сино небо. Не сакам да ги гледам соседите, туку да се чувствувам слободно“, објаснил тој. Хадид зела пешкир и нацртала скица која многу му се допаднала на Доронин.

Според зборовите на нејзиниот деловен партнер Патрик Шумахер, Хадид го нарекувала магнатот во сферата на недвижнините „рускиот Џејмс Бонд“ поради неговиот стил, вкусот, богатството и желбата за создавање нешто исклучително. Доронин, пак, се сеќава дека Хадид била саркастична, паметна и остра и, се разбира, многу интересен соговорник. Имаше гласини дека Доронин ја гради куќата за својата тогашна девојка Наоми Кембел.

Прочитајте повеќе за „лежечките облакодери“ – најдолгите згради во Русија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња