1. Бункери под облакодерите во случај на нуклеарна војна
Спомените на Втората светска војна се сѐ уште свежи, а Студената војна е во полн ек. Затоа секој сталински облакодер има бункер како заштита во случај на ненадеен напад. Се зборува и дека бункерот под Министерството за надворешни работи е опремен како команден штаб. Бункерот под „сталинката“ на Кудринскиот плоштад е достапен за таканаречените дигери (копачи), авантуристи кои трагаат по тајните на подземјето.
2. Еден облакодер е намерно навален под благ агол
Облакодерот кај метро станицата „Красние Ворота“ е еден од најризичните потфати на советската архитектура. Истовремено со зградата се градеше и метро станицата, па е ослободено многу подземна вода. За да се продолжи со подигањето на облакодерот, инженерите решија да ја замрзнат таа вода, но на тој начин дојде и до поткревање на земјиштето. Затоа мораа да го предвидат опаѓањето на тлото кога ќе се стопи мразот, а во меѓувреме ја подигнаа зградата под благ агол. Кога сите работи беа завршени, таа едноставно застана во правилната позиција.
3. Московјанките имаат сестри во главните градови на Источна Европа
Како знак на добра волја Сталин ја одобри изградбата на слични облакодери во главните градови на другите советски републики и Варшавскиот блок. Клонови на московските сестри можат да се најдат во Варшава (Палатата на култура и наука), Прага (хотелот „Интернационал“), Букурешт (Домот на печатот), Киев (хотелот „Украина“).
4. По смртта на Сталин властите го забранија оригиналниот архитектонски стил кој го носи неговото име
Овие згради му припаѓаат на уникатниот артхитектонски стил познат како Сталински ампир или советски монументален класицизам, кој црпеше инспирација од американските облакодери. Сите згради се подеднакво величествени и луксузни. По смртта на Сталин советските власти издадоа указ со кој се осудува таквата неумереност и тоа беше крај на овој уникатен стил.
5. Сталин нареди да се постави кула на облакодерот за да изгледа помалку „американски“
Министерство за надворешни работи на РФ
Сергеј Фомин/Global Look PressКулата на зградата на Министерството за надворешни работи во Москва е неодамна реновирана. Нејзината историја почнува 1951 година кога Јосиф Сталин наредува да се додаде кула на новата зграда, затоа што му се сторило дека градбата е во „американски стил“. Кулата која е набрзина поставена не беше најцврстата, но стоеше сѐ до 2017 кога е конечно заменета со нова.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче