Телефонот со тастатура под називот Inauguration Diamond е направен од осумнаесеткаратно злато со додатоци од природна кожа во црвена боја и украсен со 95 брилијанти. На позадината на уредот се гравирани грбот на Руската Федерација и копија на орденот „За заслуги за татковината“ со зборовите „Полза, чест и слава“. Под грбот пишува „Русија“ со фонт каков што е користен во специјалното издание на Уставот на РФ на кој претседателот ја става раката во текот на заклетвата.
Caviar
Цар телефоните кои се произведени во лимитирана серија од седум примероци (по повод денот на инаугурацијата на 7 мај) чинат 1,9 милиони рубли (околу 27000 евра).
Caviar
Во дизајнот на iPhone X Inaguration исто така се користени грбот и медалот со зборовите „Полза, чест и слава“ и гравирани со стилизирани запци од ѕидините на Кремљ. Постои и смартфон на кој место грб се наоѓа портретот на рускиот претседател.
Caviar
Ексклузивниот iPhone X чини од 258000 рубли (околу 3680 евра).
Caviar
Caviar во март претстави iPhone X осмислен во чест на победата на Владимир Путин на изборите 2018 година, со портрет на претседателот и натпис „Златното доба на Владимир Путин“ (The Golden Age of Vladimir Putin).