Руско-италијанската компанија „Перла Пена“ (Perla Penna), специјализирана за дизајнерско обликување на паметни телефони, дизајнираше под брендот „Кавиар“ (Caviar) „Ајфон 6“ со иконата на „Троица“ на Андреј Рубљов. Уредот веќе ја помина религиско-правната експертиза и докажа дека „не содржи знаци на повреда на религиозните чувства на верниците“.
„Не е етички доколку на смартфонот со слика на икона се водат разговори со непристојна содржина“, додадоа експертите.
Во суштина новиот уред е истиот „Ајфон 6“, само е покриен со злато и на позадината има слика на икона. Во комплетот влегува: УСБ-кабел, полнач, сертификат за оригинален производ и гаранција. Сето тоа се продава во дрвена полирана футрола преслечена со сомот за 157 илјади рубли.
Претходно дизајнерите на „Кавиар“ пуштаа на пазарот паметни телефони со религиозна тематика: „Кавиар Медина Кредо Оро“ (Caviar Credo Medina Oro) содржи муслиманска симболика и „оддава почит на Исламот“. Исто така, компанијата дизајнираше и неколку модели со ликот на Владимир Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче