„Светилиште“ за Бетмен: Русин одбра далекуисточна парцела со необичен облик

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На рускиот Далечен Исток е забележана парцела во облик на лилјак. Се покажа дека еден граѓанин на Русија го одбрал својот „далекуисточен хектар“ во знакот на Бетмен.

Се работи за државната програма во рамките на која сите граѓани на Русија имаат право по желба да одберат парцела од еден хектар на расположливите површини на рускиот Далечен Исток. Целта на програмата е поттикнување на населението на Русија поинтензивно да ги населуваат инаку слабо населените далекуисточни територии.

Обликот на парцелата може да биде произволен и таа околност ја искористи еден граѓанин на Русија – по негова желба парцелата е  регистрирана во знакот на Бетмен. Додека други одбираат парцели за да на нив да отворат земјоделско стопанство или да се занимаваат со некој друг вид бизнис, овој „креативец“ ѝ даде слобода на својата фантазија и направи своевидно „светилиште“ за познатиот суперхерој.

Парцелата може да се види на сајтот НаДальнийВосток.рф (картата е достапна само за авторизирани корисници). Се наоѓа на југот на Приморскиот крај недалеку од брегот на Јапонското море и излегува на Бојсмановиот залив.

Прочитајте повеќе: 100 илјади руски граѓани се пријавиле за бесплатен „далекоисточен хектар”