Бројот на барања од руски граѓани за добивање „далекоисточен хектар“ надмина 100 илјади, соопштија во четвртокот од службата за односи со јавноста на Министерството за развој на далечниот исток на Русија. Министерството прогнозира дека до крајот на годината бројот ќе достигне 150 илјади.
„Програмата 'Далекоисточен хектар' е барана, веќе се поднесени над 100 илјади барања. Интерес покажуваат како жителите на далечниот исток, така и од други региони во Русија. Претпоставуваме дека до крајот на годината ќе бидат поднесени до 150 илјади барања за далекоисточниот хектар“, изјави министерот Александар Галушки.
Според него, до крајот на годината ќе бидат доделени најмалку 50 илјади парцели. До денес речиси 27.5 илјади лица веќе го реализирале своето право на земјишна парцела, а уште 9 илјади барања се одобрени.
Најголем интерес постои за територијата на Приморје, каде за добивање хектар пристигнале 39.3 илјади барања. На второ место е Јакутија со околу 18.5 илјади барања, а потоа следуваат Хабаровскиот крај и Сахалинската област.
Најмногу парцели се поделени во Хабаровскиот крај (над 6.3 илјади). Над 5 илјади парцели се поделени во Приморјето, над 4.6 илјади во Јакутија, а околу 4.4 илјади во Сахалинската област.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче