Претседателот на Русија Владимир Путин имаше работна средба со министерот за развој на Далечниот Исток Александар Галушка и вицепремиерот на Русија – специјалниот пратеник на шефот на државата во Далечноисточниот федерален округ (ДФО) Јуриј Трутнев. Во текот на средбата претседателот изјави дека парцелите кои ќе им се доделуваат на граѓаните според законот за „далечноисточен хектар“ треба бидат на места барем со минимална инфраструктура. „Потребно е, се разбира, да се работи со раководителите на регионите, за да се доделат тие парцели на места каде има барем некаква инфраструктура“, ги цитира неговите зборови прес-службата на Кремљ.
Министерот за развој на Далечниот Исток Александар Галушка изјави дека со законот е предвидено дека „ако е формирана таква целина од 20 и повеќе парцели, во тој случат регионот дава поддршка за обезбедување на инфраструктура“. Галушка истакна дека бил објавен „креативен конкурс за најдобра идеја за добивање земјишна парцела“. „И денес ни пристигаат такви предлози, кога луѓето велат: ќе формираме кооперација од 200-300 луѓе, заедно ќе ја земеме земјата и веќе за 200-300 инфраструктурата добива поволности, дури и ако е послаба“, потенцираше министерот.
На 2 мај претседателот на РФ Владимир Путин го потпиша законот со кој се регулира доделување на земјишни парцели на граѓаните во Далечноисточниот Федерален округ. Таканаречениот закон за „далечноисточен хектар“ ќе им овозможи да добијат можност за користење еден хектар земја без надомест, пишува „Комерсант“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче