Сибирски возачи направија портрет на Путин од автомобили

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Учесниците тврдат дека овој флешмоб нема никаква врска со претстојните избори.

Околу 250 автомобили неодамна учествуваа во флешмоб во градот Хабаровск на Далечниот Исток на Русија. Возачите направија половина лице на рускиот претседател  и го снимија настанот со дрон, објави порталот Tjournal.

„Одамна планиравме да направиме нешто сложено, особено портрет. На крајот се решивме за претседателот“, вели Вјачеслав Шемпелев, организатор на флешмобот.

Првично требало да учествуваат поголем број на автомобили, со оглед дека 250 возила биле доволни само за половина слика.

Минатиот мај хабаровските возачи организираа флешоб по повод Денот на Победата со учество на 521 автомобил, а летово планираат да направат уште едно „автомобилско” ремек-дело и постават уште еден рекорд.

Погледнете како во Хабаровск повеќе од 600 автомобили направија Орден на Татковинската војна