„Што се однесува до оваа тема, таа е секако многу важна и исклучително чувствителна. Сакам да ви кажам едно нешто кое треба да го знае нашиот народ, но и сите останати народи на овој свет. Јас искрено се надевам дека практичните сценарија за примена на нашето стратешко нуклеарно оружје никогаш нема да се случат. Нашата доктрина за негова примена е поврзана со тнр. „возвратен удар“, истакна претседателот на Русија во своето интервју за филмот „Светски поредок - 2018“.
„Одлуката за употреба на нуклеарно оружје може да биде донесена само во случај нашите системи за рано предупредување да регистрираат не само лансирање на ракети, туку и следење и предикција на нивната точна траекторија, кога ќе се утврди дека повеќе нема никаков сомнеж дека тие одат во правец на Русија. Во тој случај, ние имаме легитимно право да одговориме. Тоа се вика возвратен удар“, изјави Путин.
„Се согласувам дека за човештвото тоа ќе биде катастрофа од глобални размери и тоа не само за луѓето, туку и за планетата на која живееме. Но јас како претседател на Русија се прашувам: А чуму ни е таков свет ако во него ја нема Русија?!“, го заврши ефектно своето излагање рускиот претседател.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче