Промотивен спот за Мундијалот: Путин и Инфантино играа фудбал во Кремљ

Скриншот

Скриншот

Рускиот претседател Владимир Путин се појави во промотивниот спот за Светското првенство во фудбал до чиј старт останаа уште сто дена, а кое првпат се одржува во Русија.

Во спотот на ФИФА познати фудбалери, меѓу кои се Диего Марадона, Роналдо, Диего Форлан, Вејн Руни го демонстрираат своето мајсторство жонглирајќи со топка. Во завршните кадри на клипот кој е цел во знакот на бројот сто, колку што останаа денови до 14 јуни и натпреварот меѓу Русија и Саудиска Арабија, Владимир Путин и претседателот на ФИФА Џани Инфантино, и двајцата во темни костуми, во кабинетот во Кремљ во „пријателски меч“ ги покажуваат своите умешности со фудбалска топка, при што претседателот на Русија на крајот со глава му ја додава топката на соиграчот.

Спотот, објавен на официјалниот сајт на Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации, најверојатно е снимен на 12 февруари кога во посета на Москва престојуваше Џани Инфантино, а рускиот претседател, инаку, беше настинат, потсетуваат руските медиуми.

Путин претходно не беше виден на фудбалско игралиште, но беше виден на лизгалиште или на татами.

Светското првенство во фудбал ќе биде одржано од 14 јуни до 15 јули во 11 градови ширум Русија: Москва, Санкт Петербург, Казањ, Нижни Новгород, Саранск, Калининград, Волгоград, Екатеринбург, Самара, Сочи и Ростов на Дон. Русија инаку е првпат домаќин на Мундијалот.

Прочитајте го нашиот водич за навивачите од Мундијалот 2018: сè што треба да знаете за патувањето во Русија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња