УАЗ отвори интернет продавница за брендирана спортска облека

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во компанијата веруваат дека љубителите на автомобилите УАЗ ги одликува посебен стил на живот и затоа им посвети колекција од специјално креирана облека.

Со помош на руски дизајнери УАЗ подготви специјална колекција на облека прилагодена на динамичниот начин на живот на сопствениците на легендарните автомобили, се вели во соопштението на сајтот на компанијата.

Како што се наведува, инспирацијата за креирање на колекцијата покрај познатиот теренец беше и ликот на боксерската легенда Костја Цзју, кој од 2017 година е во улога на амбасадор на брендот УАЗ.

Дизајнерите специјално за УАЗ ја креираа колекцијата од дуксови, капчиња и маички водејќи сметка за целокупниот процес од идеја до реализација на производот.

„Се запознав со богатата историја на Фабриката за производство на автомобили од Улјановск (УАЗ) во чии познати модели најдов инспирација. Така настана основната колекција на оваа облека. Формата е слободна, со чисти линии и рамна силуета. Наменета е за патувања, прошетки и активен одмор. Колекцијата пред сѐ е ориентирана на мажи, но сите модели постојат и во величини за жени, па тие само треба да го одберат моделот што им се допаѓа“, изјави креаторката Мила Виборних.

Најверните поклоници на теренците на УАЗ ги очекува изненадување по повод 23 февруари, Денот на заштитникот на Татковината. Имено, првите 20 лица кои ќе нарачат облека добиваат боксерски ракавици со автограм на Костја Цзју.

Облеката засега не се испорачува во странство.

Прочитајте повеќе за новиот кросовер УАЗ-3170: Kia Sportage и Nissan Qashqai добиваат сериозна конкуренција