Судејќи по најавите на претставниците на фабриката за производство на автомобили од Улјановск, ова претпријатие до почетокот на наредното лето планира да почне со производство на теренецот „Птриот“ со мотор што развива 150 коњски сили и во моментов се вградува во моделот на камионот „Профи“.
Освен тоа, се зборува дека теренското возило ќе добие модернизиран преден мост. Сите овие новини би требало да ги подобрат динамичките карактеристики на автомобилот и неговото управување.
Точниот датум на почетокот на продажбата на обновеното возило УАЗ „Патриот“ засега не е познат.
Погледнете како изгледа кабриолет верзијата на „Патриот“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче