Јубилејна верзија на познатиот УАЗ „Хантер“ во продажба од септември

УАЗ Хантер

УАЗ Хантер

UAZ
Јубилејната серија од 469 примероци на познатиот теренец „Хантер“, по повод 45 роденден на УАЗ-469, е презентирана на саемот Moscow Off-road Show 2017.

На саемот Мoscow Off-road Show 2017 беше претставена јубилејната верзија на прочуениот џип Хантер (оваа ознака ја носи од 2003 година) на Фабриката за автомобили од Улјановск по повод неговиот 45 роденден.

Продажбата на овој новитет по цена од 700 илјади рубли почнува од септември, најави производителот, пренесува РИА „Новости“.

Јубилејната верзија ќе биде во тробојна „парадна униформа“, порачуваат од фабриката и најавуваат покрив од блескаво бела боја која оди одлично со сиво-зелената боја на каросеријата на џипот и му дава модерен, но и вечен изглед, потсетувајќи притоа на неговото воено минато кога од лентите се симнуваше УАЗ-469 во традиционално воена верзија во темно-зелена или сива боја.

Јубилејната верзија на „Хантер“ се разликува од сериската по тоа што на багажникот нема врата, туку склоплив дел за затварање кој кога ќе се расклопи потсетува на масичка, а може и да се употреби за превоз на подолг товар, потоа со седишта со водоотпорна импрегнација, „спајсер“ мостови кои придонесуваат за цврстината на конструкцијата на возилото и обезбедуваат подобро да се совладаат и најтешките терени за возење.  

Планирано е производство на вкупно 469 возила од јубилејната серија од кое секое ќе биде обележано се реден број и натпис „јубилеен УАЗ“ на плочка во салонот.

Сериското производство на легендарното возило  на руската автомобилска индустрија почна во декември 1972 година кога беше произведена првата верзија на теренецот УАЗ-469. Во 1985 година моделот го менува називот во УАЗ-3151. Производството на современата модификација на теренецот УАЗ „Хантер“ почна во 2003 година. Без оглед на модернизацијата, џипот ги задржа своите основни карактеристики, ненадминливата способност за совладување на лоши терени, големата издржливост и едноставноста во користењето и сервисирањето.

Од почетокот на сериското производство до денес се склопени околу два милиони вакви возила како во Русија, така и во странство.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња