Притоа во текот на мината година ова претпријатие продало 1124 возила надвор од земјите на Заедницата на независни држави (која ја сочинуваат 9 земји од поранешните републики на СССР) и тоа во Азија, на Блискиот Исток, во Северна, Јужна и Централна Америка. Така порастот на извозот во земјите надвор од ЗНД изнесува 78%. Улјановските возила се најбарани во Монголија (422 возила), Кина (167 возила) и Еквадор (100 возила).
Меѓу земјите на Заедницата на независни држави најголемиот извозен пазар и понатаму е Казахстан, каде возила на УАЗ во 2017 година набавиле 2151 лице. Добри резултати се забележени и во Белорусија (932 возила) и Узбекистан (346 возила).
„Следната година планираме да го продолжиме развојот на извозот на сите овие пазари. Земјите на Латинска Америка, југоисточна Азија и Блискиот Исток и понатаму се перспективни дестинации. Освен тоа, планирано е 2018 година УАЗ да започне со склопување на автомобили во Казахстан, што за компанијата отвора нови можности на планот на развој и проширување на нејзиниот производствен потенцијал“, соопшти претходно прес-службата на компанијата „Соллерс”, чиј дел е и Улјановскиот автомобилски завод.
До 2021 година компанијата планира да го зголеми обемот на извоз на автомобили на УАЗ на 20 илјади возила, што ќе биде околу 30% од вкупната продажба. Со таа цел ќе биде проширена територијата на која се испорачуваат возилата, а сите производи ќе бидат прилагодени на потребите на купувачите во конкретните земји.
Прочитајте повеќе: Русија значително го зголеми извозот на автомобили. А на врвот на ранг листата не е „Лада“
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче