По оддавањето почит на загинатиот пилот, ковчегот со телото на мајорот е качен во авион Илјушин Ил-76 со звуци на воен марш. Филипов ќе биде закопан во родниот Воронеж.
Рускиот јуришен авион Су-25 беше соборен во Сирија за време на стандардна патрола. Мајорот Роман Филипов се катапултираше и на земјата стапи во борба. Малку подоцна се самоуби со активирање на рачна граната за да избегне да биде заробен. Пред експлозијата пилотот извикна: „Ова ви е за момците!“ Претседателот на Русија Владимир Путин му го додели звањето Херој на Русија.
Одговорноста за нападот ја презеде терористичката група „Џејш ел Наср”.