Скриншот од видеоснимката.
Пилотот на соборениот Су-25, мајорот Роман Филипов се скри зад камен насип и пукаше во терористите од пиштол „Стечкин“. Терористите брзо му се приближуваа, пишува воениот известувач на весникот „Комсомолскаја Правда“ Александар Коц.
На оваа фотографија што ја објавија терористите, се гледа дека Филипов успеал да испразни една рамка, куршум од втората рамка се заглавил во цевката, а да ја испразни третата не останало време. Терористите сакаа да го заробат жив.
Скриншот
Зборовите кои се слушаат на снимката пред детонацијата на бомбата можат да бидат само руски зборови. Нема таква арапска реченица кој би звучела така. Значи, еве што рече рускиот пилот пред детонирањето на бомбата: „Ова ви е за момците!“ За загинатите руски војници... И веројатно успеал да им пресуди на терористите кои му беа најблизу.
„Русите не се предаваат“ - таа аксиома е запишана во руските гени, потсетува рускиот воен известувач. Тоа го докажа и мајорот Роман Филипов, посмртно одликуван со звањето Херој на Руската Федерација.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче