Објавена нова видеоснимка од гаѓањето на рускиот авион Су-25 во Сирија

На интернет се појави нова снимка на која се гледа како терористите во Сирија од земја го гаѓаат рускиот јуришен авион Су-25. Видео записот е објавен на „Јутјуб“ страницата Telegram на каналот Directorate 4 кој се занимава со следење на терористичките активности.

Според нивните сознанија, нападот го извршиле терористите од групата Џејш Идлиб Ал-Хур. На снимката се гледа како од противвоздушен систем инсталиран на пикап терористот истрелува рафал во правец на авионот. Меѓутоа, како што е пишувано, терористите дефинитивно го соборија Су-25 со помош на преносен противвоздушен ракетен систем.

Објавена е и фотографија на терористот од групата Џејш Идлиб Ал-Хур, Махмуд Хаџ Исмаил викан Кастро, кој тврди дека токму тој го соборил рускиот авион и тоа со советски противавионски топ ЗУ-23-2. Тој го изјави ова во интервју за Northern Syria Observer (организација која се претставува како сојуз на независни новинари).

Со оглед на фактот дека терористот споменува и 4 наводно претходно соборени авиони меѓу кои е и еден „Илјушин“, а добро се знае дека ниту еден таков авион не е соборен, Directorate 4 се сомнева дека претставници на разни терористички групи го доживеале соборувањето на Су-25 како можност за сопствена промоција.

Според рускиот пратеник Франц Клинцевич (претседател на Комитетот за одбрана и безбедност на Советот на Федерацијата), припадниците на сириските сили за специјална намена дошле во посед на фрагментите од соборениот руски авион.

Сириските специјалци се наоѓаат на местото на кое падна Су-25, се врши увид за да може да се открие кој стои зад сето ова, изјави Клинцевич за руските медиуми, со забелешка дека нема да биде ни најмалку лесно да се разјасни тоа.

Тој додаде дека е апсолутно сигурен дека се работи за заседа, која не е изолиран случај и во рамките на која биле подготвени новинари и соодветни стручњаци кои само чекале да се случи сето тоа.

Прочитајте повеќе за тоа кои беа последните зборови на загинатиот пилот на Су-25

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња