Јамата за темели во близината на Павелецката железничка станице сега на сајтот Yandex.Maps е обележана како водена површина. На „Твитер“ се појави овој пост кој го докажува тоа.
Интернет корисниците претпоставуваат дека до тоа дошло затоа што градилиштето е речиси постојано поплавено. Некои го нарекуваат „Павелецката бара”.
Yandex објаснува дека дошло до тоа затоа што на корисниците им е дадена можност да внесуваат измени во мапите. „Тешко е да се процени моменталната состојба на ова место, меѓутоа, според објавениот проект за реконструкција, всушност тука би требало да се наоѓа мало езерце. Во овој случај, додатокот на мапата е само малку преран“, соопшти компанијата за руските медиуми.
Проектот за трговски центар на плоштадот „Павелецки“ стои недовршен од 2000-те. Во 2016 година оваа територија ја презеде државата во јавен интерес. Подоцна е соопштено дека локацијата преминала во сопствеништво на приватна компанија.