Москва и тогаш и сега – прекрасна

Фотографија од лична архива

Фотографија од лична архива

Мишел Павловски, доктор на театрологија, професор на Институтот за македонска литература во Скопје и поранешен студент на Рускиот универзитет за театарска уметност ГИТИС, на македонската јавност ѝ е познат по својот специфичен однос кон културните и општествените случувања. Овој пат со него разговараме на една друга тема – Русија во неговиот живот.

Како се најдовте во Москва и кој беше патот кон запишувањето на ГИТИС?

Татко ми, Јован Павловски, беше дописник на „Нова Македонија“ од Москва во периодот од 1986 до 1990 година. Целото семејство – татко ми, мајка ми, баба ми, сестра ми и јас – тие четири години живеевме во главниот гард на тогашниот Советски Сојуз. Уште кога се подготвував за преселбата знаев – ќе се запишам на ГИТИС, на Факултетот за театрологија. И тогаш и денес, Руската театарска академија – ГИТИС беше една од најреномираните театарски школи во Европа. Не само поради тоа што е основана од Всеволод Мејерхољд во дваесеттите години на минатиот век, не само поради тоа што на неа предаваа врвни руски и советски режисери, театролози, актери. Мене некако најмногу впечаток ми остави духот на ГИТИС, начинот на размислување за светот и за уметноста и на студентите и на професорите.

Какви беа вашите впечатоци од Москва во тоа време?

Москва може само да се сака
Москва е мечтата на многумина Македонци. Градот кој живее 24 часа, градот кој привлекува со својата историја и со својата култура, град на споменици и на живи легенди. И сето ова изгледа како во некоја сказна. Но! Секогаш постои едно „но“! Токму за тоа „но“ ви раскажуваме во оваа статија. Собравме различни искуства на Македонци кои во разни периоди биле во Москва, па направивме кус пресек на работите што ќе ви недостасуваат во Москва и на оние нешта што секогаш ќе ги помните.

Возот од Скопје пристигна на Киевската железничка станица попладнето на 7 ноември 1986. За Советите тоа беше голем празник – денот на Октомвриската револуција. Ме пречека облачна, студена, темна и маглива Москва. Првата мисла ми беше: „Го разбирам Миладинов.“ Додека ја кажував „Т‘га за југ“, онака за себе, се прашував: „Каде дојдов?“ Дури утредента почнав да ја запознавам вистинската Москва. Со театрите, со галериите, со шверцерите на вотка (тогаш на сила беше неофицијалната прохибиција на Горбачов), со своите жители, со смесата на традицијата, историјата и современоста... Секако и со она што така стереотипно се нарекува „широка руска душа“, но и со сомнителните типови кои ги има секој мегалополис. И во советско време и во времето на глобалните текови... Москва тогаш живееше свој, оригинален и прекрасен живот. А, кога на минус триесет и кусур во јануари ќе бликнеше сонцето и кога градот ќе се капеше во светлина, сфаќаш зошто, меѓу другите имиња, Москва ја викаат „белокаменаја“. Вака со еден збор, ако сакате, впечатоците за Москва и тогаш и сега – прекрасна. По Скопје се разбира.

Вие се наоѓавте во Москва за времето на перестројката. Како ја доживеавте оваа епоха?

Перестројката беше динамично и интересно време. Да бидеш сведок на транзицијата или – на почетокот на транзицијата во најголемата социјалистичка држава, да ги набљудуваш кај луѓето чувствата на „социјалистичкиот интернационализам“ и одново откриеното чувство на „големата империја“, нивните судири и често хармонизирања, беше, велам, интересно. И поучно.

Како се одвиваа вашите студентски денови?

Фантастично. Има ли некој кој нема истото да го одговори за своите студентски денови? 

Колку ГИТИС претставува вистинско место за луѓето што се занимаваат со театарската уметност?

Веќе реков. И кога студирав таму и денес, Руската театарска академија ГИТИС беше и е една од најдобрите театарски школи во Европа. Во неа, на некој начин, се концентрирани искуствата на рускиот театар. Традицијата на руската и на советската сцена се преломува, се фокусира имено во ГИТИС.

Тешко е да се каже дали е тоа така. Мислам дека поточно би било да се рече дека македонскиот театар отсекогаш сакал да ја следи руската театарска традиција. Колку во тоа успевал... Па, сè е релативно, нели?

Во некои минати времиња во театрите можевме да видиме класични постановки на многумина руски автори. Денес ситуацијата е сосема сменета, нив речиси ги нема на репертоарот. Што губи, а што добива македонскиот театар со ваквата театарска политика?

Погодно време за „Мајсторот и Маргарита“ во Македонија
Од крајот на јуни во Македонскиот народен театар започнаа пробите за претставата „Мајсторот и Маргарита“ под режисерската палка на Иван Поповски, Македонец кој долги години својата успешна кариера ја гради вo Русија. „Руска реч на македонски“ доби ексклузивна можност да види одблизу што се случува во најголемата македонска театарска институција.

На моите студенти постојано им повторувам дека публиката, или ако сакате да ја употребам современата фраза - она што некогаш се нарекуваше публика, не е збир на консументи кои безусловно ќе прифатат сè што им се нуди. Односот публика-уметност, поточно, односот публика-создавачи на уметноста, па во таа смисла и односот публика-театар е многу посуптилен и во секој случај: двонасочен. Театарот се прилагодува на културниот контекст, на потребите и желбите на публиката, консументите, се разбира, се прилагодува и на потребите и желбите на оние кои го контролираат културниот контекст.

Носите ли во себе сè уште нешто од руската култура, применувате ли некои нејзини делови, како на професионален, така и на личен план?

Секако. На пример, постојано се навраќам на некои руски книги - трилогијата на Алексеј Толстој за Борис Годунов ја препрочитувам еднаш годишно. Прекрасен јазик, прекрасен текст. Често прегледувам редица блогови на Рунет-от. Русите се многу активни на тоа поле и кога станува збор за културата и кога станува збор за политиката. Тука се и постојаните контакти со моите драги колешки, прекрасни македонистки, Наталија Бороникова, Марија Проскурнина, Елена Вережникова...

Во Македонија е голема заинтересираноста за театарската уметност кај идните студенти. Руската Федерација секоја година издвојува голем број стипендии за нив. Од оваа дистанца, би им го препорачале ли ГИТИС на македонските студенти и кои би биле Вашите препораки за нив?

Од сè што реков, чинам, повеќе од јасно е дека ГИТИС секако, топло и искрено би го препорачал. Особено за идните режисери. Препораките... ако веќе сте во Москва, уживајте во белокамената, во нејзините театри и во нејзините кафеани, во дружењето со Русите и, секако, во суптилната нежност и прелест на Русинките...

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња