Путин ја „ожнеа летнината“ и се пошегува пред изборите:„Ако ништо не биде, отидов јас во комбајнери“

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Претседателот на Русија Владимир Путин ги посети погоните на фабриката за производство на комбајни „Ростељмаш“ во Ростов на Дон и се запозна со земјоделската механизација што ја произведува оваа група компании и притоа стартуваше виртуелен комбајн.

На претседателот Путин вработените во фабриката му покажаа симулатор на комбајн кој служи за обука на жетварите со дисплеј на местото на ветробранското стакло на кој се проектира работа во поле. Путин седна зад воланот и почна да жнее.

„Ако ништо не се случи на 18 март, отидов јас во комбајнери“, се пошегува добро расположениот шеф на руската држава.

Изборите за претседател на Русија се одржуваат на 18 март, а изборната кампања официјално започна на 18 декември. Путин на изборите оди како независен кандидат.

Прочитајте повеќе: Путин вети бакнеж на работник, но наместо тоа, го прегрна