Путин вети бакнеж на работник, но наместо тоа, го прегрна

При посетата на фабриката, Путин одеднаш покажа и нежност.

При посетата на фабриката, Путин одеднаш покажа и нежност.

Алексеј Николски/TASS
Рускиот претседател избегна одговор на прашање нудејќи љубов.

При официјалната посета на градот Уфа (1351 км источно од Москва), претседателот Владимир Путин посети една од најголемите руски фабрики (изградена 1925 година), кој произведува мотори. За време на неговата обиколка тој беше снимен како одговара на неколку прашања на работниците, од кои едно од нив се однесуваше на советско време.

„Во советско време имаше традиција - да се даваат медали и ордени на претпријатијата. Тогаш, работниот колектив на нашата фабрика беше награден со два Ордена на Ленин и Орден на Црвеното знаме на трудот“, му рече работникот на претседателот, пред да праша дали таквата практика може да се врати. Очигледно, тој сакаше фабриката да освои уште една награда, бидејќи била „меѓу лидерите во индустријата“.

Путин го избегна одговорот на малку неочекуван начин: „Дозволете ми наместо тоа да ве бакнам“, рече тој, пред да го прегрне - но не го бакна – додека луѓето го поздравуваа тоа.

Подоцна претседателот рече дека сметал дека е поефективно да се наградуваат луѓето, а не фабриките, за нивните достигнувања.

Прочитајте повеќе за рускиот претседател: Што работи Владимир Путин „кога не работи ништо“?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња