Путин реши повторно да си ја намали платата

Владимир Путин

Владимир Путин

Kremlin.ru
Новиот декрет за 2018 година значи дека уште повеќе владини функционери ќе го почувствуваат притисокот.

Во 2015 година Владимир Путин потпиша декрет со кој се намалува платата на претседателот, премиерот, вицепремиерите и некои други високи функционери до 10 отсто.

Претседателот, исто така, ги намали платите во 2016 и 2017 година, а штотуку потпиша уште еден декрет да го стори истото и во 2018 година. Сѐ уште не е потврдено дали Путин ќе се кандидира за изборите следната година - ако не, следниот претседател ќе добие намалена плата.

Како дел од декретот за 2018 година, повеќе владини функционери ќе имаат намалена плата за 10 отсто. Според официјалните податоци, во 2016 година Путин заработил околу 8,8 милиони рубли (над 150000 американски долари).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња