Руски актер си играл детектив и заврши во притвор

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Она кога животот е повозбудлив од филмот.

Понекогаш актерите толку се соживуваат со улогата што е тешко да се утврди каде престанува нивната глума, а каде почнува вистинскиот живот. На пример, линијата која ја раздвојува работата од реалноста на Алексеј Насонов, ѕвезда на познатата во Русија ТВ-серија „Детективи“, дефинитивно е замаглена.

Оваа руска серија има 1954 епизоди снимени од 2007 до 2017 година. Насонов, кој претходно работел во полиција, одеднаш стана мошне популарен и отвори своја детективска агенција.

Се чини дека му одело мошне добро (луѓето на кои им се допаднала серијата со задоволство му пишувале на актерот за своите проблеми и барале помош), но за него се заинтересирала и руската Федерална служба за безбедност.

Како што велат од ФСБ, агенцијата на Насонов работела на црно и пренесувала приватни информации на трета страна, како што се детали од телефонски разговори. Затоа на 30 јануари актерот Насонов е приведен на испитување. И мораме да кажеме дека сево ова е повозбудливо од која било епизода на „Детективи“!

Прочитајте повеќе за детекторот кој ја распознава лагата по гласот