Казањ во 1992.
Михаил Медведев /TASS„Тој има гробови во двете очи“, велеа луѓето за Радик „Раџи“ Галиакберов, водачот на бандата Хади Такташ од Казањ, за време на судењето во 2002 година. До тој момент организацијата беше толку моќна што сведоците се согласуваа да сведочат само со апарат кој го менува гласот и во затворени простории – беа премногу исплашени за да се соочат со криминалците.
Мафијата ѝ се закани на државата: Ако Раџа и неговите луѓе завршат во затвор, ќе го убијат Минтимер Шајмиев, претседател на Татарстан. До тоа сепак не дојде, а Галиакберов и неговата десна рака се осудени на доживотен затвор, додека остатокот од бандата се осудени на затворски казни во траење од 8 до 22 години. Казните беа строги, но чесни.
Овој поим се појави во весниците уште во средината на осумдесеттите години од минатиот век, опишувајќи го големиот бран злосторства во Казањ, особено кај тинејџерите. Тоа не беше организиран криминал: група тинејџери од различни населби немилосрдно меѓусебно се тепаа (понекогаш и до смрт) и пљачкосуваа.
„Тоа не беше локален проблем“ пишува во својата книга „Казањски феномен: Мит и стварност“ Љубов Агеева, новинарка од Казањ. Многу градови во СССР кој се распаѓаше се соочуваа со истите проблеми. „Казањ беше еден од првите градови во кои мноштво социјални пороци предизвикаа нешто мошне опипливо и непривлечно“.
Но, главниот град на Татарстан по распадот на СССР се соочи со нешто уште посериозно од тинејџерските банди кои ги тероризираа мештаните. Се роди вистинска мафија.
Хади Такташ е татарски поет од раниот 20 век. Во Казањ постои мала улица која го носи неговото име. Токму на таа улица во осумдесеттите години од минатата година живееја бројни гангстери кои го презедоа тоа име. Овие насилници од непослушни тинејџери се претворија во опасни бандити кои дејствуваа од 1993 до 1997 година.
Дури и кон острите стандарди на казањските банди, мафијашите на Хади Такташ беа исклучително насилни. Многу брзо откако бандата стана моќна, двајцата нејзини водичи ги свртеа пиштолите еден кон друг. И загинаа заедно со десетина други членови на бандата. Потоа младиот, но мошне лукав и агресивен Раџа Галиакберов ја презема власта во свои раце.
Новинарите кои го следеа судењето на организацијата Хади Такташ споменаа дека Раџа оставал впечаток на тивок и интелигентен човек. Ја обожавал улогата на Марлон Брандо во „Кум“ и малку се однесувал како дон Корлеоне. Немал ништо против користење екстремна бруталност. Во една пригода ги распарчија своите ривали во групата со секира. Доброобразованиот Галиакберов наводно една о своите жртви ја нарекол „Милоска Венера“, по античката грчка скулптура без рака...
Радик „Раџа“ Галиакберов на судење.
Mr. GhodkiyХади Такташ под владеење на Раџа ја достигна златната доба. Тие го контролираа прометот на целата дрога во градот во кој живееја повеќе од еден милион жители, ја одземаа готовината од околу 50 компании и банки и ја презедоа власта во важни фабрики. Исто така имаа голем удел во градската проституција и во организираната борба со кучиња.
Мафијашите на Раџа имаа и свое мото: „Хади Такташ – градот е наш!“ Сепак, не беше сосема така. Ривали им беа други банди во градот кои постојано се бореа за контрола на Казањ. Раџа дури и имал организирано посебен оддел на луѓе кои ќе ги убиваат таквите противници.
Казањ во 1990-те.
Михаил Медведев/TASSПо едно такво убиство среќата го напушти. Еден професионален убиец е уапсен, со што беше започната владина истрага против Хади Такташ.
„Кумот“ Радик Галиакберов никогаш не ја призна вината на суд, ами повторуваше: „Јас не сум Раџа, ами Радик, легален бизнисмен“. Во 2014 година во затвор (најсигурниот руски затвор „Црни делфини“) го посетил инспектор од полицијата кој потоа раскажа дека Радик и понатаму се надева дека неговата казна ќе биде укината и оти тој ќе биде слободен човек. Но, малку е веројатно дека такво нешто ќе се случи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче