Извор: PhotoXPress.
„Основната карактеристика на апаратот се состои во тоа што нема физички контакт со клиентот и работи исклучиво на фонетски принцип‘‘, објаснува Владимир Савченко, шеф на катедрата за математика и информатика на НГЛУ. „Класичниот детектор за лаги подразбира поставување сензор на телото на клиентот. Тоа е процедура која сама по себе го иритира човекот. На нашиот апарат не му е потребен контакт со клиентот, потребни се само компјутер и микрофон‘‘.
Компјутерската програма го снима говорот и веднаш исфрла на мониторот дијаграм според кој стручњакот може да види дали соговорникот има самодоверба. Соодветните комбинации на параметрите на диаграмот значи дека соговорникот е смирен или дека се нервира. Саговорникот можеби нема да ја покаже својата вознемиреност ниту со говор, ниту со гест, но програмата ја фаќа и најмалата промена на гласот.
За овој изум пред сѐ треба да бидат заинтересирани специјалните служби. На пример, со помош на овој апарат можат да проверат дали „телефонските терористи‘‘ блефираат или навистина се подготвени да ги разнесат во воздух заложниците. Се очекува дека апаратурата ќе го привлече вниманието и на банкарите. Денес финансиските институции трошат и време и пари за да ја проверат кредитната репутација на клиентите, но измамниците постојано наоѓаат нови начини за да ја прикирјат скандалозната репутација и да подигнат милионски кредити. Меѓутоа, ако разговорот се сними со нижегородската програма, измамата ќе биде побрзо откриена.
„Сега подготвуваме верзија за мобилни телефони“, вели Дмитриј Акатјев, професор на катедрата за математика и информатика на НГЛУ. „Денес често се користи системот на измама преку телефон. На пример, измамниците се јавуваат на некој човек на телефон и му велат, на пример, дека син му направил некаков сообраќаен прекршок за кој се одзема возачката дозвола, но дека проблемот може да се реши 'готовински'. Програмата сигнализира дека вашиот соговорник е претерано возбуден и оти не може да ги совлада емоциите. Така нема да станете жртва на измама.‘‘
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче