Руските служби за безбедност открија вирус кој напаѓа бензински пумпи и краде гориво од муштериите

Pixabay
Руската служба за безбедност обвинува менаџери на бензински пумпи дека се вмешани во измама во која компјутерски вирус краде гориво од муштериите кои ништо не се сомневаат.

Хакирање на бензински пумпи звучи како чудна идеја, но е можна. Федералната служба за безбедност (ФСБ) откри нова форма на криминал, во кој менаџерите на бензинските пумпи со помош на компјутерски вирус крадат гориво од муштериите.

Малициозниот софтвер го програмирал Денис Заев, хакер од Ставропол, и им го понудил на менаџерите на бензинските пумпи на југот на земјата (во Ставрополската и Краснодарската област, Калмикија и републиките на Северен Кавказ). Вирусот на Заев и неговите партнери им донел милиони рубли, а притоа водечките енергетски компании, сопствениците на бензинските пумпи, не претрпеле финансиски загуби, тврди ФСБ.   

Со согласност на менаџерите малициозниот софтвер влегувал во системите на бензинските пумпи и тајно извлекувал 3-7% гориво за кои муштеријата платила. Секое утро работниците на бензинските пумпи оставале еден резервоар празен и во него одел дел од горивото за кое муштеријата плаќал. Во меѓувреме, мерачот ја покажувал количината на бензин која требало да се најде во резервоарот на муштеријата.

Вирусот ги брише трагите и уништува сѐ што би укажувало на кражба, така што криминалот е тежок за откривање. Жртвите никогаш ништо не забележуваат, а дури и кога некој нешто би се посомневал, вредноста на два-три украдени литри гас не е доволна да се покрене кривична постапка против бензинската пумпа.

Освен тоа, присуството на вирусот е речиси невозможно да се детектира. Редовните проверки на стручњаците и локалната полиција никогаш не го забележале. Сепак, хакерот Заев на крај е уапсен и сега го очекува обвинување за масовна измама, како и за развој и користење на малициозен софтвер.

Прочитајте повеќе за четворицата познати руски хакери

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња