Таа испаничила и закопала слична сума пари во стаклени тегли во снегот во обид да изгледа дека некој друг да ја украл готовината.
Семјон Лиходеев/TASSВо ретко населеното село Манили на Камчатка (околу 7000 километри источно од Москва) вработена во „Сбербанк“ за неколку години украла огромна сума на пари - 6,7 милиони рубли (околу 119000 долари) – и ги трошела. Кога полицијата конечно ѝ се нашла на трагата, испаничила и закопала слична сума пари во стаклени тегли во снегот во обид да изгледа дека некој друг ја украл готовината.
За нејзина жал, тоа не ѝ успеа. Кога полицајците ја обвинија (излегува дека е единствениот вработен во банката: прв осомничен) и го пронајдоа купот, тие открија само 4,5 милиони рубли (80000 долари). Сè уште не е познато каде е остатокот од готовината. Криминалот предизвика голема вознемиреност во селото (население: 770).
„Не се случува секој ден да се украде во Менили толкава сума на пари“, изјави локален функционер. „Фала му на Бога што случајот е решен. Може да се каже дека речиси сите во селото беа осомничени“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче