Телевизиската и интернет реклама за кондомите „Дурекс“ (Durex) на која можете да видите „шармантна, романтична и весела“ жена по име Вика вознемири многу жени во Русија кои го носат ова име. „Ова е Вика и таа има сифилис”, вели гласот од рекламата.
Жените кои го носат ова име збеснаа и бараа нивното име да биде отстрането од рекламата. Тврдат дека таа им го руши угледот.
„Дурекс“ ги послуша. Сега оваа несреќница од рекламата се опишува едноставно како „жената со сифилис“.