7 причини никогаш да не излегуваш со Русинка

Getty Images
Или зошто односите со руска девојка можат да се покажат како едно огромно разочарување

Таа е премногу убава за тебе

Сите девојки се девојки, а Русинки се божици. Па, речиси. Стереотипот за убиствената убавина на руските девојки е еден од најчестите. Мораме да признаеме дека, сепак, тој не е толку далечен од вистина – практично тие трошат исклучително многу внимание на својот изглед. Да одиш да фрлаш ѓубре на штикли? Да одиш до продавница со целосна шминка? Да, што си е така, така си е (патем, сите знаеме зошто го прават тоа). Но, за целата оваа убавина ќе плати момчето – буквално и фигуративно.

Зголеменото внимание на обожавателот на оваа убавина ќе предизвикува непресушен гнев и најверојатно ќе станете параноични – десетиците. Нејзините четириесетина флакончиња на полицата во бањата брзо ќе го турнат твојот дезодоранс, а наскоро додека се капеш врз главата ти ќе почнат да ти паѓаат разни предмети. Освен тоа со таква жена ќе мораш постојано да се грижиш и периодично да влегуваш во расправии (сеедно дали со тупаници или со зборови во коментари под фотографијата на нејзиниот Инстаграм). Воопшто - збогум, мирен животе!

Ќе пуштиш стомак

Се разбира, сето тоа зависи од самоконтролата, но искушението да заседнеш во кујната и никогаш да не станеш оттаму постојано ќе се засилува. Во руските семејства на девојките од рана возраст им се сугерира женската мудрост: “Патот кон срцето на мажот минува низ стомакот“. Во превод на обичен јазик тоа значи: „Ако готвиш лошо и малку – мажот ќе отиде кај друга“. Без разлика како ќе се однесувате со својата руска сакана кон инструкциите од минатото, таа сепак ќе се обиде барем еднаш да те опколи со бедем од палачинки (ако навистина ѝ се допаѓаш).

Можеш да бидеш сигурен дека сè ќе биде направено со руска големина: ако е боршч - тој ќе биде во лонец од пет литри; ако е салата - во огромен сад, ако е месо - цела тава. И не заборавај за нејзиното семејство. Таму исто така добро го паметат „правилото на стомакот“. Гостувањето кај роднините на љубената нема да мине без седење на маса барем три часа. Сметам дека веќе ти е јасно дека освен во девојката ќе треба да се заљубиш и во руската кујна. Уште повеќе што девојката ќе ја мери љубовта со тоа колку несебично и со задоволство ја јадеш оваа храна.

Тешко ќе се ослободиш од неа...

... ако таа те избрала. Руската девојка ќе стане твој најдобар пријател, ортак, доктор, козметичар, психолог и спаринг-партнер. Целото време веќе ѝ припаѓаш на неа – така си мисли таа. На олтарот на врската принесува сè (буквално). Историјата памети како во XIX век руските жени тргнале со своите мажи во прогонство на Сибир. Значи не надевај се дека љубената Русинка ќе ја избркаш со тешки животни ситуации. Ако почнеш да се правиш безнадежен случај, ќе добиеш уште повеќе грижа и емоционална поддршка. И таа нема да те напушти. Никогаш.

Треба секогаш да си силен

Русинката ја почитува силата. Внатрешно таа е независна и дури и на неа самата понекогаш ѝ е тешко да се живее со тоа. Во нејзината генетиката се утврдени навики како да гаси пожар во домот и да запира коњи во галоп – квалитети забележани од руските писатели уште во царско време. Но и во 21 век таа ќе најде начин да се покаже. На пример, сама ќе качи до 10 кат без лифт 20 килограми вреќа со кучешка храна и нема да моли за помош.

Со таква жена секогаш треба да си една глава над неа. Морално и физички. Можно е наместо ножици за нокти и џемпер од кашмир да треба да ѝ подариш дупчалка, клешти и дигалка (тоа ќе го цени).

Не можеш да се скриеш од неа

Таа не е девојка на Џејмс Бонд. Таа е девојката-Џејмс Бонд. И додека избираш зборови како да ѝ ја кажеш веста за претстојната средба со колегите во петокот, таа веќе ќе знае каде, кога и со кого. Сè е запишано во нејзиниот записник. Таа едноставно контролира, за да не дозволи и за миг работите да се надвор од нејзина контрола.

Манијакалното следење на твоите профили на социјалните мрежи не се доживуваат како кршење на личниот простор и правото на приватност. Можеби е тоа резултат на стекнато искуство со генерациите. За Русите не е необично да живеат рамо до рамо со роднини или други семејства во 20 квадратни метри. Во советскиот период тоа било нешто нормално. На тесно луѓето учеле, се вљубувале, жените раѓале деца и ги воспитувале внуците. А, во таква ситуација поимот „лично“ понекогаш едноставно се губи.

Но во тоа има и позитивни работи. Ако си изгубиш нешто дома, знаеш кого да прашаш. Си ја заборавил лозинката од Фејсбук – повторно знаеш од кого ќе ја дознаеш.

Таа неизбежно сака да се омажи

Руските девојки се однесуваат исклучително сериозно кон односите со спротивниот пол. Понекогаш тие искрено сакаат да ги регистрираат официјално што е можно побрзо, а друг пат почнуваат да го сакаат тоа под притисок од јавноста (минатата година 78% од Русите сметале дека мажот и жената треба да живеат во брак, а не во неформална врска). Како и да е, твојата руска другарка најверојатно многу сака да се омажи и чека предлог за брак. Во главата веќе има избрано имиња за деца, боја на завесите во идниот дом, раса на хипотетичкото куче и деновите во кои ќе одите на гости кај мајка ѝ.

Ќе мораш да ја изненадуваш

Не, не е вистина дека треба постојано да ѝ носиш подароци (иако првично може да ти се стори дека е така). Но, потсвесно Русинката смета дека средбите на месечина не се доволно убедливи. Па, таа ќе очекува од тебе посериозни докази за твојата верност – и треба да си подготвен за тоа. Со други зборови, таа сака да ја изненадиш, да ја забавуваш и постепено да ја привлекуваш на своја страна. Верата во прекрасниот принц е некако длабоко вкоренета во главите на руските божици.

Дознајте Зошто Русинките стапуваат во војска?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња