Што велат Русинките, како изгледа „вистински маж“?

Global Look Press
Русинките ги доживуваат „вистинските мажи“ сосема поинаку од другите жени на светот.

Балканските мажи се предмети на обожавање на руските жени, и поради својот физички изглед, и поради својот карактер. „Дали е мачо?“, обично една Русинка прашува друга кога разговараат за тоа дали може тој да ги исполнува неjзините очекувања. 

  1. Таинствени црни очи 

Според мислењето на руските жени, вистинскиот маж мора да задоволи определени физички критериуми – мора да биде висок, црномурен, силен и мора да има црни очи. Не сите жени сакаат спортисти, но мускулите се добредојдени. Важно е нивниот физички изглед да ја пренесува пораката дека тој е способен да се грижи за својата жена и да ја заштити. „Сакам силни, потемни мажи, кои можат да ме привлечат со својот таинствен поглед“, вели 35-годишната московјанка Татјана. 

  1. Брутален, но не и насилен 

Поголемиот број девојки се сложуваат дека вистинскиот маж е темпераментен, храбар и, веројатно, понекогаш груб, но во никој случај не е насилен. Интересно е дека „бруталноста“ во овој контекст не се смета како нешто негативно, ами напротив, како доблест. Всушност, придавката „брутален“ во рускиот јазик има стекнато ново значење. „Брутален“ не значи насилен и груб, ами згоден, секси, неодолив, снажен, способен да пружи заштита. 

  1. Нежен

Иако за Русинките „вистинските мажи“ се темпераментни мажи, тие истовремено се и нежни, великодушни и љубезни. 

Овој стереотип е опишан во песната „Мачо“ на популарната руска пејачка Лолита:

  1. Што станува со нормалните мажи? 

Меѓутоа, додека Русинките сонуваат за мачо, некои Руси се чувствуваат занемарено. Познатиот кантавтор Александар Розенбаум ова чувство го има изразено во својата верзија на песната „Мачо“ со овие зборови: „Каде и да се свртиш гледаш мачо! И ни трага од нормални мажи“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња